(ГАЛЕРИЈА)ПОВИК ЗА ПРАВДА: КАКВА Е ТАА ДРЖАВА КОЈА УБИЈЦИТЕ ГИ КАЗНУВА СО МИНИМАЛНИ КАЗНИ?

Голема благодарност до сите кои присуствуваа на маршот и покрај лошите временски услови. Благодарност до сите за носењето на маски и за сите поединци кои самоиницијативно се вклучија во целата организација и помогнаа маршот да помине во најдобар ред.

Се прашуваме, каква ли е таа држава која убијците ги казнува со минимални казни? Каков е тој правен систем кој наместо да санкционира, поттикнува носење на ножеви по улиците? Поттикнува насилство и ги загрозува животите на младите. Нашето барање е јасно и едноставно. Пресудата МОРА веднаш да биде преквалификувана, а судот да одлучи непристрасно и професионално.

Денес дадовме ЖОЛТ картон. Следниот пат ќе биде ЦРВЕН😉
Нема да застанеме и нема да се предадеме. Протестите ќе продолжат сѐ додека нашите барања не бидат остварени. Ќе се повлечеме од улиците дури тогаш кога крајната цел ќе биде остварена а тоа е ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО!, стои во објавата на facebook страната „Повик за правда“.