ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА: ШТО ГО ОДНЕСЕ МЛАДИОТ ТЕКСТИЛЕЦ ОД ШТИП ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА КОВИД-19 ИЛИ НЕШТО ДРУГО?

Почитувани читатели, до нашата редакција стигна потресната приказна на еден човек, кој тврди дека е пријател на младиот текстилец од Штип, позитивен на Ковид-19, кој во моментот се наоѓа во критична состојба.

Ви го пренесуваме во целост писмото на човекот, кој сака да остане анонимен.

„Спремен сум да ја отоворам пандорината кутија во врска со еден  Ковид -19 случај во Штип.

Ви се обраќам анонимно до вашата редакција но доколку треба ќе бидам и сведок на настаните и да допринесам за вистината да излезе на виделина.

Осеќам морална одговорност да ве запознаам вас како медиум и другите медиуми со цел да се запознае јавноста во врска со младиот текстилец кој е во кртичична состојба поради короната и незаинтиресираноста на надлежните.

Тој млад текстилец е мој пријател и јас бев сведок на редоследот на настаните и зошто заврши на респиратор и неговиот живот е во опасност.

Хронологијата на настаните ви ја презентирам во целост.

На 09.06.20г. вторник за прв пат се јави  мојот пријател на преглед кај матичната лекарка, со симптоми на грип.

Матичната го прегледува му дава терапија и тоа е се.

Во средата пак оди на преглед бидејки не се осеќаше подобро, матичната му дава инкеција и пак го пушта да си оди дома без никакво испитување,

Во четвртокот пак кај матичната на инекеција  но тој се повеке запаѓаше и состојбата се влошуваше.

Во петокот состојбата се влоши и отиде на преглед во приватна ординација за уво нос и грло Др. Миташев и таму беше прегледан и му дадоа терапија, а тој сиротиот едвај на нога стоеше. И покрај таквата состојба беше пуштен дома.

Во саботата во домашни услови го прегледа негов братучет, млад генијален доктор.  Истиот веднаш го однесе на инфективно оделение во штипската болница. Таму беше хоспитализиран, му зедоа брис за да испитат присуство на Ковид – 19 и беше ставен на кислородна подршка.

Во неделата поради влошување на состојбата е пренесен на лекување во Скопје исто така со кислородна подршка.

Во понеделник стаса резултатот од брисот и истиот беше позитивен.

Мојот  пријател болен од корона се шеташе од дома до матичната и до Др. Миташев една недела и притоа истиот беше хронично болен и имаше лоша здравствена состојба и пред вирусот и тоа безброј пати им го нагласи на истите тие што требаше да се грижат за него.

Морам ова да го напишам и да допре до јавноста бидејки додека мојот пријател се бори за живот јас гледам дека виновници за таа состојба се барат во сите но не во тие што треба. Како со  некоја димна завеса,  ја искривија правата вистина, бил виновен газдата на конфекцијата па бил виновен тој од кого се заразил мојот пријател , уште малку и самиот него ке го направат виновен. А правите виновници за состојбата во која се наоѓа младиот текстилец како што милуваат да го кажат  никој не ги ни спомнува . Вистината мора и ке излезе на виделина.

Сега останууваат само молитивите и Бог да помогне а виновниците јас ги знам кои се. И сето ова е документирано.  Доколку на некој му текне да почне да уништува докази предвреме да му кажам воопшто да не се ни труди. Бидејки јас има се што е потребно за да се докаже вина.

Ни малку не ми смета од анонимен да бидам сведок на судска постапка. Со цел да бидат казнети правите виновници и вистината да ја види светлоста на денот“, се вели во писмото на анонимниот автор.