| |

Пред 77 години бугарските комунисти вршат погром врз лидерите на ВМРО

На 7 и 8 јуни пред 77 години Бугарската комунистичка партија со одлука и наредба на Сталин, Димитров и Тито ги уништила последните сили на отпорот против македонизацијата на Пиринскиот крај.

Ноќта на 7 јуни 1946 година, повеќе од 200 членови на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) биле уапсени во нивните домови и одведени во непознат правец. Меѓу нив се: ЖОРО НАСТЕВ, СТРАХИЛ РАЗВИГОРОВ, ВЛАДО КУРТЕВ, ЈОСИФ МАРКОВ, КОСТА РИЗОВ, ГОШО АТАНАСОВ, МИХАИЛ КАРАЈОРДАНОВ, ЕВТИМ ОРЛЕТО, АТАНАС ПАШКОВ, СТРАХИЛ ТОПУКОВ, МАНЧО ДИМИТРОВ, КРУМ САРЏЕВ, ГЕОРГИ ХУКЛЕВ, КРСТО ПИНЗОВ, СТОЈАН КАТОШЕВ, ПЕТАР ГРЕБЕНАРОВ… Во вооружена пресметка го губи животот КИРИЛ ДРАНГОВ, пишува бугарскиот информативен портал Фактор.

Некои од нив биле убиени истиот ден. Но, трагичниот крај на повеќето од нив останува мистерија за нивните најблиски – нивните деца и внуци. Бидејќи кога некој се поигрувал и ги уништувал животите на цели генерации, кога се уништувале судбини, тешко може да се очекува ништо друго освен дека трагите треба да бидат темелно избришани…
Се верува дека со одобрение на Москва, некои од уапсените биле предадени од владата на Отечествениот фронт на Бугарија на џелатите на Тито во Скопје, или одведени во советски логори, други биле брутално претепани, заклани или живи запалени од бугарската комунистичка државна безбедност.

За нивните семејства е јасно дека причината е нивното доследно верување во бугарското потекло на населението во Македонија, заштитата на бугарскиот јазик во Пиринско и нивната долгогодишна посветена работа за обединување на татковината. Никој близок никогаш не ја дознава вистината за нив. Ниту еден обид да се најде доказ за нивната предодредена судбина не бил успешен. На нивните семејства им е забрането да изпечатат некролози. Овие луѓе како да се стопиле во воздух. Како никогаш да не живееле. Нивниот случај не постои во хрониките на современата бугарска историја.

Слични Објави