ПРЕКИНАТ ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС НА ГЛАСАЧКО МЕСТО ВО СЕЛОТО ЛОЈАНЕ

Во селото Лојане, општина Липково, на гласачкото место 1129, се случил сериозен инцидент, објавува Лајм Прес.

Според набљудувач во ова изборно место, забележано е дека има многу гласачки ливчиња. Набљудувачот го стопирал процесот, побарал полициска помош и побарал ова да биде евидентирано во записникот.