Денеска и утре, 28 и 29 октомври, во МКЦ ќе се одржи премиера и прва реприза на претставата „Орестија 1/4“, во режија на Ивица Димитријевиќ.
Претставата е дел од The Chorus Project – проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.
Билетите за двете изведби се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.
Во претставата играат: Орест – Стефан Вујисиќ, Електра – Наталија Теодосиева, Хороводецот – Жарко Јовановиќ, Клитајмнестра – Драгана Лошкова и Ајгист – Димитрија Доксевски.