Препорака за Македонија за безусловен старт на преговорите
Европската Комисија извештајот за напредокот на земјата што ќе биде објавен утре препорачува безусловен старт на преговорите за Македонија.
ЕК пишува дека Македонија во голем дел ја надмина длабоката политичка криза. Потребните структурни реформи се бавен процес за што ќе бидат потребни години и штетата направена во последните години нема да биде поправена преку ноќ.
ЕК ја поздравува работата на земјата за справување со итните реформски приоритети преку “искрена желба за реформи и објективна проценка на состојбите, проследено со подготовка за стратегиите и законодавство на кои одамна се чека и консултации со сите актери вклучително и опозицијата на инклузивен и транспарентен начин“.
Извори во ЕК за МИА предупредуваат дека еврокомесарите треба уште еднаш да се сретнат пред да се финализира извештајот, утре околу еден часот во Стразбур, и дека дотогаш се уште се можни неколку промени во формулациите.

