Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

/

Владата на денешната седница што се одржа попладнево донесе Одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки која се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено).

Одлуката е донесена по предлог на Министерството за економија.

-Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград, со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи, информира владината прес-служба.



Одлуката за ограничување на извозот на пченица и брашно беше донесена во јули годинава со цел да се заштити домашното производство и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар за да се избегне растот на цените.

Претходна статија

Ограничени маржите и за млечните производи

Следна статија

Ковачевски – Пленковиќ: Силна поддршка на Хрватска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Најново од Вести