Ковачевски – Пленковиќ: Силна поддршка на Хрватска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија

/

Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери дискутирале за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од воената агресија врз Украина, европскиот пат на Северна Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори.

-Пленковиќ истакна дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Северна Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски го нагласи задоволството од добрите економски односи меѓу Хрватска и Северна Македонија и истакна дека во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство, се вели во соопштевнието од Владата.

Двајцата соговорници се согласиле дека само заеднички и со интензивирање на регионалната соработка можеме да ја пребродиме светската енергетска криза.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

Следна статија

Радев кон Ердоган: Турција е наш многу важен партнер и сојузник

Најново од Вести