|

Британија ќе набави флота подводни дронови во вредност од 150 милиони фунти

Британија ќе набави флота подводни дронови за откривање и уништување мини, како дел од модернизација на Кралската морнарица вредна 150 милиони фунти, во услови на зголемени безбедносни закани од Русија, пишува британски Телеграф.

Министерството за одбрана планира почетна набавка на 24 подводни дрона, секој со проценета цена до 6 милиони фунти. Тие ќе се користат за расчистување мини во конфликтни зони како Црното Море, како и за заштита на подводни кабли и гасоводи од саботажи.

Новата технологија е дел од програмата за замена на старите бродови за чистење мини, кои треба да бидат повлечени до крајот на деценијата. Дроновите ќе овозможат побрзо и попрецизно откривање на подводни закани и сомнителни активности во водите на Обединетото Кралство и НАТО.

„Овие подводни дронови се клучни за модерното војување – од лов на мини што ги поставува Русија, до заштита на критичната инфраструктура“, изјави извор од британската одбрана.

Новиот флот ќе вклучува и „мајка-брод“ HMS Stirling Castle, кој ќе управува со автономните пловила. Проектот ја позиционира Британија на „водечката линија на одбранбените иновации“, истакна Министерството за одбрана.

Слични Објави