| |

ПРЕСТАПНА НЕОДГОВОРНОСТ ВО РОМАНИЈА: 10 НОВОРОДЕНЧИЊА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19

Властите во Романија истражуваат породилно одделение во земјата откако 10 новороденчиња се заразиле со коронавирус. Сомнежот засега е дека вирусот им бил пренесен од здравствените работници, јавува ДВ.

„Мајките беа негативни, но бебињата се позитивни на тестови па мораме да ги разгледаме нивните контакти со медицинскиот персонал“, изјави министерот за здравство Нелу Татару. Бебињата засега немаат симптоми и сите, освен едно, заминаа со своите мајки во домашна самоизолација.

Татару смета дека биле направени грешки од персоналот на породилното одделение, но и од локалните здравствени институции и вети остри казни доколку тоа се докаже.

„Во изминатите два дена се чувствував како да живеам во хорор филм“, изјави една од мајките за локалните медиуми. „Персоналот не носеше маски“, вели таа додавајќи дека од гласини разбрала дека во болницата некој бил заразен со коронавирус. „Во четвртокот ја дезинфицираа болницата со нас во неа“, рече таа.

Слични Објави