| |

ПРЕТЕПАЛ БОЛНИЧАР СО НЕКОЛКУ ДРУГАРИ, ЗАТОА ШТО НЕ ГО ПУШТИЛ БЕЗ МАСКА ВО МОДУЛАРНАТА КОВИД АМБУЛАНТА

Според МВР, инцидентот кој се случил во модуларната ковид амбуланта на Пулмологија ја предизвикало момче кое дошло со мајка му, а и двајцата биле позитивни на Ковид- 19. На нив не им бил дозволен пристап во амбулантата, бидејќи не носеле маски.

„На 06.11.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за Пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21). Откако си заминале тој повторно се вратил но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери велат за Либертас од Клиниката за пулмологија.

Пред полицијата дури и му се заканувале на болничарот дека кога ќе си оди полицијата тие ќе го сределе“, велат од Пулмогологија.

Полициски службеници направиле записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Слични Објави