| |

Педесетина луѓе со знамиња и транспаренти вечерва протестираа пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје

Педесетина луѓе вечерва излегоа на протест за прекин на преговорите со Бугарија пред бугарската амбасада во Скопје. Демонстрантите со себе носеа транспаренти и знамиња со сонцето од Кутлеш.

Повик за учество на протестот преку социјалната мрежа Facebook вчера упати поранешниот прв човек на градската организација на СДСМ во Скопје и лидер на политичката партија „Трета“ Љупчо Палевски-Палчо.

Демонстрантите извикуваа антибугарски пароли и бараат прекин на преговорите со Бугарија.

Слични Објави