| |

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова: Душата на цар Самоил го најде својот пат кон татковината

„Душата на цар Самоил го најде својот пат кон татковината. Сигурна сум дека сега е спокоен, бидејќи е во Бугарија“, изјави претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, по церемонијата на положување на посмртните останки на владетелот во базиликата „Света Софија“, пренесува БТВ.

„Како неговите ослепени војници повторно да прогледаа за да му го покажат патот кон Бугарија и кон неговиот народ“, рече шефицата на државата.

Претходно, ковчегот со посмртните останки на цар Самоил беше положен во специјално изработениот мермерен саркофаг во базиликата „Света Софија“.

Пред тоа, Бугарија ги пречека посмртните останки со свечена државна церемонија во центарот на главниот град. Премиерот Румен Радев одржа говор, а при изведувањето на националната химна одекнаа почесни артилериски истрели.

По церемонијата, свечена поворка ги придружуваше посмртните останки до базиликата „Света Софија“, каде што граѓаните ќе можат да му оддадат почит на цар Самoил.

Слични Објави