| |

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова со поддршка за бугарската претставничка на Евровизија DARA

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ја поддржа бугарската претставничка на Евровизија DARA со објава на социјалната мрежа Facebook.

“Во 22 часот (21 часот, македонско време) огромната наша поддршка и енергија ќе бидат заедно со DARA на сцената на Евровизија! Веруваме во твојот успех, мило девојче! Веќе го заземаш првото место во срцето на цела Бугарија! Ќе ја освоиш и цела Европа. Ја имаш и моќната поддршка од нашите сонародници во странство, кои ќе гласаат за тебе“, стои во објавата на претседателката Јотова.

Бугарската национална телевизија како учесник во конкурсот Евровизија, единствена во Бугарија вечерва ќе го пренесува во живо најголемиот музички натпревар.

Слични Објави