ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈОХАНИС ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈА

Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата.

„Романците сакаат Социјалдемократската партија (СДП) да се повлече од власта. Треба да бидеме реални. Ние (Национално-либералната партија) ги освоивме изборите за Европскиот парламент, јас победив на претседателските избори, но во парламентот остануваат истите пратеници, кои беа избрани во 2016 година. СДП има многу пратеници и не сака да ја предаде власта”, рече Јоханис.

Според претседателот, предвремените избори нема да доведат до политичка криза или да ја усложнат ситуацијата во земјата.
Јоханис во ноември 2019 година го освои својот втор претседателски мандат, како кандидат на Национално-либералната партија.

Редовните парламентарни избори треба да се оддржат на крајот на оваа година, а локалните избори се очекува да бидат во јуни.