Претседателот на Бугарија во наредните денови ќе го распушти Собранието

/

За време на расправата за кандидат за нов член на Централната изборна комисија на Бугарија од Има таков народ, претседателот на државата Румен Радев соопшти дека распуштањето на Националното собрание е прашање на денови.

Радев не прецизираше кога тоа може да се случи и да закаже предвремени парламентарни избори. Според него, за да има фер, транспарентни и достапни избори, работата на ЦИК е од исклучителна важност. Тој нагласи дека за ефективната работа на ЦИК е важна транспарентноста во нејзината работа.

„Изборите се столб на демократијата и од нив зависи да има демократски и легитимни институции“, рече бугарскиот претседател Румен Радев.



Радев ја одобри кандидатурата на Гергана Стојанова со која таа стана нов член на ЦИК од квотата на „Има таков народ“.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Завршена обдукцијата и идентификувањето на настраданите во пожарот, телата ќе им бидат предадени на семејствата за погреб

Следна статија

Мехмети: Сите ние Албанци во Македонија ја запаливме модуларната болница во Тетово

Најново од Вести