Мехмети: Сите ние Албанци во Македонија ја запаливме модуларната болница во Тетово

/

Не прашувајте како изгоре тетовската болница – таа ја изгоревме сите!

Има моменти кога зборовите немаат значење, кога болката ја надминува болката и кога треба да и се предадеме и да ја почувствуваме исто како и роднините на оние што отишле да се лекуваат, но никој не видел како испуштиле душа.

И додека ние тивко ќе ја доживееме болката на оние што ги загубија своите најблиски, ќе откриеме дека тагата ги поставува прашањата што ние не си ги поставуваме во вистинско време, како на пример како станавме општество каде што скоро секој ден ја палиме нашата сегашност, каде што секој ден нашата куќа што ни ја даде Господ е покриена со ѓубре, како станавме општество каде никој не одговара за ништо, како станавме земја што не ги сака своите деца и каде некои имаат корист од изградбата на болници и од отворање на гробиштата каде што не погребуваат!?

Па, шокантната трагедија што Тетово ја доживува денес и сите ние, може дури и да се дојде до одговори за кои се правиме дека не ги знаеме, како што е фактот дека сите ние Албанците во Македонија ја запаливме модуларната болница во Тетово, ние што со сопствена рака изградивме неодговорни општества, ние што и животот и смртта ги оставивме во рацете на оние што бараат брзо разјаснување на нашиот трагичен календар, правејќи се дека не гледаат колку го оцрнија нашето колективно лице.

Денес, кога Македонија ја доживува оваа ужасна болка, не барајте одговорност од никој друг освен од себе си. Бидејќи само на овој начин ќе можеме да видиме дека надвор од болката што ја доживуваме денес, лежи нашиот колективен грев од последните децении, за време на кој многумина имаа корист и од смртта и од нашите животи.



Пишува: Ким Мехмети, албански писател од Македонија.

Извор: bulevar.mk

Претходна статија

Претседателот на Бугарија во наредните денови ќе го распушти Собранието

Следна статија

Две дози вакцина во Македонија примиле над 600.000 граѓани

Најново од Вести