Две дози вакцина во Македонија примиле над 600.000 граѓани

/

Две дози вакцина во Македонија примиле 603.795 граѓани, информира Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се 754.271 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.959 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.737 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.358.067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603.795 граѓани.

Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.



Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата“, велат од МЗ.

Претходна статија

Мехмети: Сите ние Албанци во Македонија ја запаливме модуларната болница во Тетово

Следна статија

Ташев: Лицата со бугарска самосвест во РС Македонија да сигнализираат за секаков вид на насилство врз нив- ќе реагираме веднаш

Најново од Вести