Ташев: Лицата со бугарска самосвест во РС Македонија да сигнализираат за секаков вид на насилство врз нив- ќе реагираме веднаш
До колку што разбирам законот во РС Македонија предвидува механизам според кој по 15 октомври 2021г. секој може да побара од Државниот завод за статистика копија од пописниот лист со која што да потврди како се попишал за време на пописот што моментално е во тек. Ако тоа е така ќе отпадне еден од најголемите проблеми поврзани со потврдувањето на бугарското потекло на граѓаните на РС Македонија, бидејќи кој што посочил „Бугарин“ во графата за етничка припадност ќе може многу лесно да ја започне процедурата за придобивање на бугарското државјанство.
Да, разбирам дека во моментот власта во Скопје врши притисок врз граѓаните на РС Македонија да не се декларираат како Бугари. Има податоци и за тоа дека попишувачите сами ја сменуваат декларираната етничка припадност. Ако такви лица во иднина посакаат да конкурираат за бугарско државјанство најверојатно една заверена кај нотар Декларација дека нивната етничка припадност е сменета против нивната волја ќе заврши работа. Но тоа е само хипотеза. Затоа лицата со бугарска самосвест да бидат внимателни затоа што од тоа зависи нивната иднина. Исто така нека сигнализираат за секој случај на насилство врз нив, ќе реагираме веднаш.
FB статус на доцент д-р Спас Ташев

