| |

МАНУ КОНЕЧНО СЕ АКТИВИРА: ЌЕ ПРАВИ ПО 100 ТЕСТОВИ НА ДЕН

Лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува со работа од денеска со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, соопшти денеска на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

Лабораторијата ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на утрото до 14 часот ќе стигнат од сите болници од државата, каде се примаат пациенти на тријажа и ќе почне процесот на изработка прво на изолација на вирусот, а после и идентификација и околу 21, 22 часот ќе бидат познати сите резултати кои ќе стигнат тој ден.

Слични Објави