ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИЛИПИНИ НАРЕДИ НА ПОЛИЦИЈАТА ДА ПУКА ПО СЕКОЈ ШТО ЌЕ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ВРЕМЕ НА КАРАНТИНОТ

/

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте и нареди на полицијата да пука во секој жител што ќе предизвикува „проблем“ додека е во сила вонредната состојба во земјата и карантинот на граѓаните, пишува „Гардијан“.

„Ако се појави проблем или ситуацијата стане толку комплицирана што луѓето ќе почнат да се тепат и со тоа го стават вашиот живот во опасност, пукајте во нив“, изјавил Дутерте.

Неговите зборови предизвикаа апсење на 21 лице кои очигледно излегле на улиците за да побараат помош од владата.



„Тие немаат дозвола за протестот“ – објави полицијата, со што ги оправда апсењата.

Од Гардијан додаваат дека не е јасно дали уапсените луѓе излегле на протест или едноставно биле на улица за да побараат храна.

Претходна статија

ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ВО ЈУНИ, НО БАРААТ ДА СЕ СМЕНАТ ДВЕ ПРАВИЛА!

Следна статија

БРИТИШ АМЕРИКАН ТОБАКО РАБОТИ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВРЗ БАЗА НА ПРОТЕИНИ ОД ТУТУН

Најново од Вести