ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ВО ЈУНИ, НО БАРААТ ДА СЕ СМЕНАТ ДВЕ ПРАВИЛА!

Премиерлигата е многуте национални првенства, кои се пазарат со времето и очекуваат дека ќе можат во јуни да ја довршат сезоната и покрај принудната пауза поради коронавирусот. Меѓутоа, клубовите имаат барање за промена на правила, за да може да се игра на лето.

Премиерлигашките лидери изготвија предлог, според кој сезоната треба да продолжи во јуни, при што сите 92 преостанати натпревари би се одиграле во турбо темпо, речиси секој ден. Клубовите би се нафатиле на ваков предизвик, но под услов да се сменат некои работи.

Како прво, бараат да бидат воведени пет, наместо три замени. Причината е јасна, паузата без тренинзи ќе ги направи многу поранливи фудбалерите и подложни на повреди, темпото со натпревари би било жестоко, а периодот за да се вратат во форма – краток. Со пет замени, наместо три клубовите би си дозволиле поголема ротација и поголема шанса за одморање на играчите.

Второто барање е укинување на ВАР-системот. Тоа не е никако поврзано со кондицијата на фудбалерите или со финансиската состојба на клубовите, но ете влезе во листата со барања, откако во Англија, за разлика од другите земји, сезонава имаше релативно лоша примена.

Овие предлози ќе бидат дискутирани утре, на состанок на клубовите со челниците на Премиерлигата. Сезоната во најквалитетниот англиски ранг на натпреварување застана пред 30. коло, со два недоиграни меча од претходното, 29. Ливерпул води со 25 бода пред Манчестер сити и, теоретски, може да стане шампион веќе во следното коло.

Извор: Спорт1



Слични Објави