| |

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКА УНИЈА-ШТИП БОРЧЕ ПАЧЕМСКИ ГО ДОСТАВИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ШТИПСКИ БОЖИЌ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ШТИП

Претседателот на Граѓанско демократска унија-Штип, г-н Борче Пачемски денеска го достави предлогот за иницијавата „Штипски Божиќ“ до градоначалникот на Општина Штип. Заедно со предлогот, Пачемски поднесе и барање за средба на локалното раководство на партијата со градоначалникот со цел да бидат разјаснети сите детали околу идејата на Граѓанско демократската унија- ГДУ –Штип.

Еве што содржи во кратки црти нашиот предлог проект:
Штипскиот Божиќ да биде добротворна иницијатива која ќе започнува од 19 декември, Св. Никола, кога е и патрониот празник на нашиот град, и да трае до 7 јануари, Божиќ.

За оваа иницијатива предлагаме:
– Да бидат поканети сите локални и национални медиуми, кои ќе се вклучат со медиумско покривање и промотивни материјали за иницијативата.
– Да биде создадена SOS линија на којашто граѓаните и сите заинтересирани ќе можат да донираат.
– Да бидат поставени пунктови каде што ќе може да се донира.
– Да биде поканета штипската бизнис-елита да се вклучи во оваа иницијатива.
– Да бидат поканети популарни личности, актери, пејачи, спортисти претставници на МПЦ и други наши сограѓани кои ќе бидат промотори на иницијативата.
– Во оваа иницијатива да ги вклучиме сите настани кои што се организирани од општината, предновогодишни и Божиќни.
– Да бидат организирани добротворни концерти во кои ќе можат да се вклучат ученици од основните и средните училишта од градот, особено учениците од средното музичко училиште.

Патрон на иницијативата да биде институцијата, градоначалникот на град Штип, без разлика кој е денеска или после пет години на таа функција. Целта е оваа иницијатива да стане една прекрасна штипска традиција.

Средствата од иницијативата во којашто сум убеден дека ќе се вклучат многу наши сограѓани да бидат искористени за добротворни цели:
– помош на социјално- загрозени семејства
– донации во училиштата
– донации во болницата
– за операција на некој наш сограѓанин кој е во тешка здравствена состојба итн.

Сите без разлика на нашата општествена и политичка припадност, да се обединиме околу еден од најсветлите христијански празници имено Рождество Христово и Новогодишните празници, со јасна цел да бидеме малку повеќе луѓе!

Ние од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, сметаме дека оваа идеја е благородна и се надеваме дека ќе биде прифатена од страна на градоначалникот, се вели во соопштението на Граѓанско демократска унија-Штип.



Слични Објави