| |

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ СО ЧЕСТИТКИ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ПО ПОВОД БОЖИК

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска упати честитки до сите православни верници во земјата по повод големиот празник Раѓањето христово – Божиќ.

– Сакам на сите православни верници во земјата да им го честитам овој празник, еден од најголемите во христијанството – Денот на Христовото раѓање, и да им посакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства во мир, спокој и радост. Бидејќи се наоѓаме на почеток на нова година, на сите граѓани на нашата земја да им посакам поспокојна, побериќетна, поубава година од минатата. Се надевам дека секој наш личен напредок ќе значи напредок и на целата зеедница и државата во целина. Дај Боже оваа година да слушаме само убави вести и да се среќаваме по убави поводи, рече Пендаровски, кој заедно со сопругата присуствуваше на празничната литургија по повод Божик во црквата „Свети Ѓоргија“ во Охрид.

Слични Објави