| |

Австрискиот вицеканцелар Штрахе: Проблемот со Косово не е решен

Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе изјавил дека проблемот со Косово не е долгорочно решен и дека е потребно Белград и Приштина да најдат компромис, јавува порталот МКД. Тој навел дека ништо не може да функционира еднострано. Штрахе на заедничка конференција за новинарите со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажал дека реалноста е дека Австрија ја признала независноста на Косово, но дека реалност е и дека Србија го гледа Косово како свој дел. Тој истакнал дека како вицеканцелар не се меша во тоа прашање, но наведе дека има разбирање за српската страна и српското гледање на проблемот и дека долгорочното решение не може да биде еднострано.

 



Слични Објави