Заедничката богослужба е првиот чекор на Црквата-мајка во правилната насока

//

Заедничката богослужба на света литургија / Евхаристија / на претставници од Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија е првиот чекор во вистинската насока, а посетата на бугарски митрополити во Република Македонија може да се смета како позитивна порака. Заедничкото  служење би било јасен знак дека се оди кон некакво решавање на ситуацијата на МПЦ-ОА, за која Светиот Синод правилно изјави дека нејзиното канонско признавање може да се добие само при општа согласност на православните цркви.

Иницијативата треба да ја води Софија. Влегувањето во евхаристичка заедница може да се изврши од една православна црква, но канонското признавање на МПЦ-ОА е добро да се изврши од сите. Ова ќе биде тежок процес поради позицијата на српската црква и национализмот во Грција, која исто така ги опфаќа црковните кругови. Ова го видовме многу добро за време на митинзите во Атина и Солун, кои се израз на радикален национализам.

На Балканот му недостасуваат духовни водачи. Еден од нив е албанскиот архиепископ Анастасиј, кој успеа  буквално да ја спаси православната заедница во оваа држава, каде за време на комунизмот верските активности беа забранети. Да не заборавиме дека ова е претежно муслиманска земја. Сепак, тој успеа да создаде силна православна заедница, и да се појави како една од водечките личности на Критскиот црковен собир. Покрај него во балканските православни земји има и други големодостојници кои можат да претендираат за духовни водачи, но факт е дека таквите фигури се малку.



Автор: Проф. д-р Калин Јанакиев, теолог и филозоф /Софиски Универзитет „Св. Климент Охридски“

 

Претходна статија

Тото во Скопје!

Следна статија

Австрискиот вицеканцелар Штрахе: Проблемот со Косово не е решен

Најново од Анализи & Коментари