УБИЕНОТО МОМЧЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ БИЛО КОШАРКАР НА МЗТ СКОПЈЕ

Седумнаесет годишниот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер.

Тепачката се случила синоќа после полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија во која 18-годишникот го избодел кошаркарот на МЗТ Скопје. Настраданото момче со брза помош итно било префрлено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за да му биде укажана лекарска помош, но таму им подлегнал на повредите.

Напаѓачот бил експресно пронајден и приведен, а од полицијата објавија дека сега работат на расчистување на случајот.

Извор: Спорт1