Зошто никој не им помага на бегалците од Венецуела?

//

Бегајќи од големата инфлација, гладот но и криминалот, жителите на Венецуела масовно ја напуштаат земјата и бараат спас пред се во Колумбија – зошто никој не зборува за овие бегалци, прашува порталот Точка.

Светските медиуми практично и воопшто да не се интересираат за очајот на жителите на Венецуела кои што практично и умираат од глад. Додека светските медиуми известуваа за реките бегалци од земјите на Блискиот исток, а европските земји и Канада срдечно ги пречекуваа, светот е слеп пред трагедијата на народот на Венецуела.

Во близина се Соединетите Американски Држави, но и Канада, чиј што премиер Џастин Трудо дури знаеше и да заплаче кога ги слушаше трагичните животни приказни на Сиријците и Ирачаните, но овие богати земји не сакаат да им подадат рака на Венецуеланците.

Со нафтени залихи поголеми дури и од Саудиска Арабија, односно најголеми на светот, Венецуела требаше да биде барем умерено просперитетна земја. Наместо тоа, стана земјата со економија која што најбрзо се распаѓа во светот.

Поради тоа, не изненадуваа фотографиите и видеата кои што пристигнуваат од оваа земја, на која што се гледа како илјадници бегалци се обидуваат да влезат во Колумбија, бегајќи од гладот и криминалот кои што владеат во нивната земја после големата економска криза.



Потресни сцени од масовниот егзодус доаѓаат од меѓуародниот мост „Симон Боливар“ преку кој што бегалците го бараат спасот. Колумбиските и Бразилските власти испратиле дополнителен број на војници за да патролираат долж границите, откако повеќе од половина милион луѓе ја напуштиле Венецуела.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос најави воведување на построги правила на границите и порача дека Колумбија никогаш не се соочила со ваков проблем. Во неговата земја моментално има дури 600 илјади бегалци од Венецуела.

„Ова е трагедија. Сакам да му порачам на претседателот Мадуро дека ова е резултат на неговата политика“, порача претседателот на Колумбија.

Моментално во Венецуела владее вистински хаос и забележан е рекорден број на кражби. Само во јануари се проценува дека во кражбите загинале осум луѓе.

Претходна статија

Австрискиот вицеканцелар Штрахе: Проблемот со Косово не е решен

Следна статија

Дали НАТО ќе ни ја донесе демократијата како подарок ?!

Најново од Вести