| |

КОЛЕВ: СО РЕАЛНИ ДЕЛА ДА ГИ ОТСЛИКАМЕ УБАВИТЕ ЖЕЛБИ ШТО ГО СЛЕДАТ ОВОЈ ПРЕКРАСЕН ПРАЗНИК

„Во денот на Христовото раѓање, сакам да ве поздравам и да ви порачам дека ние можеме да ги отсликаме со реални дела убавите желби што го следат овој прекрасен празник. Наша обврска е доброто да го вршиме со конкретни чекори, за да не остане истото само протоколарна желба.

Божиќ е празникот на љубовта, вербата, надежта, семејните вредности, радоста, достоинството, толеранцијата, разбирањето. Да си ги сакаме нашите најблиски и нашата земја. Да се почитуваме еден со друг и заедно да работиме за добробит и просперитет на Македонија.

Имајќи го Бог со себе, секогаш имаме поткрепа во сите тешки моменти!

Ви пожелувам добро здравје, успех и благосостојба! Христос се роди“, напиша на својата официјална facebook страна претседателот на ГДУ, Петар Колев.



Слични Објави