(Видео)Коста Филипов: Заев одеше како цвеќарка во Европа да создава фронтови против Бугарија

///

„Во последните месеци, Заев успеа да собере многу негативи во односите со Северна Македонија, бидејќи како цвеќарка одеше во сите европски метрополи за да создаде фронтови против Бугарија, за да бара медијација во нашиот дијалог. Сите му рекоа: „Средете си ги меѓусебните односи, седнете на маса и разговарајте“, изјави новинарот Коста Филипов во студиото на „Тази Сутрин“ на бТВ.

Тој додаде дека македонскиот премиер неколку пати се обидел вербално да упати навредливи зборови кон бугарската држава, народ и историја.

„Потпишувањето на договорот за соседството во 2017 година беше многу важен чекор. Бугарија тогаш мораше да исполни геополитичка задача и да го отвори патот на Република Македонија кон европската интеграција “, додава Филипов.



Според него, вчерашната средба на Бојко Борисов и Зоран Заев била крајно непремерен чекор, затоа што Заев сакал да покаже дека личноста во која гледа главен партнер, со која може да работи и со која соработувал досега е поранешниот бугарски премиер .

Видеото погледнете го овде.

Претходна статија

Проф. А. Димитров: По сите точки во Договорот со РС Македонија застојот е неверојатен

Следна статија

(Видео)Нешков: РС Македонија ниту денес, ниту во иднина ќе има поголем пријател и сојузник од Бугарија

Најново од Вести