|

Добра вест: Навивачот на Левски, кој настрада во Скопје, во добра состојба ја напушти Воено-медицинската академија во Софија

Драгомир Андонов – Бугаринот кој беше повреден во инцидент во Скопје, е пуштен во добра состојба, соопшти Воено-медицинската академија во Софија.

Драгомир Андонов со хеликоптер беше префрлен во ВМА од Скопје на 3 август, откако бугарски фудбалски навивачи беа нападнати неколку минути пред почетокот на фудбалскиот натпревар од Конференциската лига меѓу ФК Шкупи и Левски Софија на стадионот „Тодор Проески“.

Тогаш најтешко настрада Андонов кој беше примен во болница со убодна рана во пределот на стомакот.



Слични Објави