|

Претседателот Радев ќе присуствува на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе присуствува на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз, на кои Бугарија ќе биде претставена од 46 олимпијци во 16 спортови, јавува БНР.

„Светот е повторно Олимпијада. Париз ги поздравува 33-те Летни олимписки игри, за жал во глобална ситуација на акутни конфликти, кризи и судири. Но, како што изјави вчера претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, г-н Томас Бах, Олимписките игри во моментов се единствениот настан што може да го обедини светот, бидејќи Олимписките игри отсекогаш биле симбол на мирот, разбирањето и добрососедството“, коментира Румен Радев во Париз.

Претседателот потсети на клучното место на Бугарија во историјата на олимпиското движење:

„Бугарија е меѓу 14-те, забележете – само 14 земји, кои во 1896 година го оживеале олимпиското движење во Атина. Оттогаш Бугарија секогаш заземала достојно место на сите олимпијади, а со своите 230 медали и 55 титули можеме да бидеме горди, затоа што ова е исклучително високо достигнување и верувам дека нашите спортисти кои денеска се тука во Париз, ќе дадат се од себе да го покажат високиот спортски дух, борбениот бугарски дух и ќе се борат до крај, за да можеме повторно да бидеме горди и да го видиме бугарското знаме развиорено во Париз“, истакнува Радев.

Слични Објави