| |

Претставата ,,Натчовек” во продукција на драмскиот театар ,,Стојан Бачваров” од Варна ја воодушеви публиката во Прилеп

Во четвртокот на полноќ во Националната установа за култура ,,Марко Цепенков” беше претставен танцовиот театарски спектакл ,,Натчовек”.

Автор на текстот е драматургот Сашо Димоски, режисер на претставата е ѕвездата на велешкиот театар Васил Зафирчев а продукцијата е дело на драмскиот театар ,,Стојан Бачваров ” од Варна, Бугарија.

Театарската претстава беше дел од 58-то издание на меѓународниот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински” а гостувањето на драмскиот театар ,,Стојан Бачваров ” од Варна Бугарија беше поддржано од бугарскиот Културно информативен центар во Скопје.



Слични Објави