Претставници на Министерството за култура на Бугарија положија венец на гробот на Иван Вазов
Граѓани и почитувачи на делото на Иван Вазов на 22 септември се поклонија и положија цвеќе на неговиот гроб во Софија, на настан организиран по покана на Националниот литературен музеј, соопшти бугарското Министерство за култура.
На панихидата, која ја отслужи отец Лачезар Попов, присуствуваа и роднини на Вазов, меѓу кои доц. Григориј Вазов и неговата внука Рада.
Во име на Министерството за култура, венец положија заменик-министрите Марина Василева и доц. д-р Пламен Славов.
За животот и делото на Иван Вазов, кого во Бугарија го нарекуваат Патријарх на бугарската литература, говореа директорот на Националниот литературен музеј Атанас Капралов и поетот Димитар Христов.
Во рамки на одбележувањето беше прочитана и лирската песна „Созерцание“ од Иван Вазов, во која поетот зборува за својата љубов кон татковината и за трајноста на поетското дело и по смртта.
Созерцание
Кога од родната земја ќе заминам,
оние што ме љубеа пак ќе ме љубат,
зашто ќе знаат што и кого во мене губат,
каков живот со ова срце згасна,
каков извор на љубов пресуши,
каква хармонија со лирата замолкна!
О, знам, и во гробот – пак ќе живеам,
ќе замолкнам, но во душите пак ќе пеам.
Животот го љубев, но не го ограбив:
Бугаријо, сè тебе ти дадов:
душа, срце, љубов, небесни зраци,
од тебе примени – ти ги вратив во песни.

