|

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАОДИ ОД АНКЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И ДОВЕРБАТА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

Презентација на наодите од анкетното истражување ЕВРОМЕТАР за мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата во институциите ќе се одржи денеска во организација на Евротинк.

На настанот, како што соопштија организаторите, покрај новите податоци ќе биде презентирана и споредба со ставовите на граѓаните на истите прашања пред Самитот на Советот и одлуката на Франција за неотворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Ќе се зборува на теми поврзани со тоа како влијае одлуката донесена на Самитот врз поддршката и перцепцијата на македонските граѓани за Европската Унија, кои се причините „за“ и „против“ влезот на земјава во Европската Унија, дали граѓаните се уште веруваат дека земјата ќе стане дел од ЕУ во следната декада.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Граѓаните за европски реформи” финансиран од Фондацијата „Отворено општество“.



Слични Објави