ВРАБОТЕН НА КЛИНИКАТА ЗА СТОМАТОЛОГИЈА ЗАРАЗЕН СО СМРТОНОСНАТА БАКТЕРИЈА МРСА
Кај вработен на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон- Скопје“ е пронајдена опасната бактерија МРСА. Оттука за денеска е најавено дека на сите вработени денеска ќе им се направат испитувања за се види дали и колку од нив ја имаат оваа бактерија.
Стручната јавност посочува дека во ваква ситуација лицето кое ги има симптомите треба веднаш да биде ставено во изолација.
Бактеријата многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носителот на бактеријата.
МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.
Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случај на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.