|

Пригожин: „Вагнер“ уби украински командант

Во самопрогласената Народна Република Доњецк е уништен автомобил во кој најверојатно бил командантот на силите за територијална одбрана на украинската армија Игор Танкура, ова го изјави основачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, пренесуваат регионалните медиуми.

„Денеска во 13 часот и 25 минути артилериските единици на ПМЦ „Вагнер“ уништија оклопен автомобил во кој, како што се претпоставува, бил командантот на Територијалните одбранбени сили на вооружените сили на Украина Игор Иванович Танкура, кој бил на пат кон Бахмут“, вели Пригожин.

Пригожин додаде дека оваа информација сега се проверува.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на 16 мај минатата година го назначи генерал-мајор Танкура за командант на силите за територијална одбрана, а претходно беше началник на Генералштабот на украинските копнени сили.



Слични Објави