|

Притвор за шефот на железничката станица во Лариса

По долгото сослушување, одреден е притвор за шефот на железничката станица во грчкиот град Лариса, каде што најмалку 57 луѓе загинаа во текот на ноќта помеѓу вторникот и средата.

Според порталот Катимерини, неговиот адвокат изјавил дека ова се очекувало бидејќи голема е тежината на предметот и одговорноста на обвинетиот.

Шефот на станицата се соочува со тешки обвиненија за нарушување во сообраќајот, обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност како и обвиненија за предизвикување телесни повреди.

Според обвинението, негова била грешката што не видел дека возот се движи во погрешна насока, а истата можел да ја спречи, објавуваат грчките медиуми.



Слични Објави