|

Приватните специјализанти да добијат решение, а да работат онаму кадешто има дефицит на кадар, предлага Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека сме единствената држава во светот сме каде што има приватни специјализанти. Најави дека ќе се сретне со нив за да се обидат да изнајдат вин-вин реение.

„На приватните специјализанти да им дадеме решение за работа, а тие да работат некаде каде што има дефицит на кадар, тие места да бидат пополнети. Сепак ќе треба да се договориме“, рече  Таравари.

Истовремено, како што додаде, ќе треба и со деканот од медицинскиот факултет да се изнајде стратегија со која одредени специјализации ќе бидат во мирување, а другите ќе бидат фаворизирани.

„Ќе размислиме и начин за мотивација на помладите доктори да одат анестезиологија, радиологија, педијатрија и други специјализации“, рече Таравари.

Во предизборитето, приватните специјализанти во повеќе наврати протестираа незадоволни од својот нерешен статус. Бараа покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и здравствено и пензиско осигурување.

Слични Објави