ПРИВЕДЕН ТАТКОТО НА МОНИКА КОНОПОВА КОЈ КРВНИЧКИ ЈА ПРЕТЕПА (ФОТО)

//

Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.

-Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото, напиша на својот Фејбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.



Претходна статија

„МОНТЕНЕГРО ЕРЛАЈНС“ СЕ ОГЛАСИ ПО КОНТРАМЕРКИТЕ ОД СРБИЈА

Следна статија

ДРУЖЕ ВЕНКО МИ ТИ СЕ КУНЕМО

Најново од Вести