Василена Стојанова ја освои првата награда на „Пирин фолк“ 2026
Василена Стојанова ја освои првата награда на фестивалското жири на „Пирин фолк“ 2026 со песната „Мала мома македонка“. Музиката и аранжманот се на Сашко Митковски, а текстот на Дешка Петрова, јавува БНТ.
Наградата ѝ ја врачи генералната директорка на Бугарската национална телевизија (БНТ), Милена Милотинова.
„Пирин фолк“ има посебна мисија – да ја чува бугарската традиција, но истовремено и да ѝ вдахнува нов живот преку создавање нови авторски песни што ги носат меморијата, историјата и духот на Пирин“, рече Милотинова.
Таа нагласи дека за БНТ е чест да ги поддржува бугарските песни, изведувачи и автори и да ја пренесува нивната музика до публиката во Бугарија и надвор од земјата. Церемонијата годинава се пренесува директно на БНТ 1 и БНТ 4.
