| |

Продолжува санирањето на последиците од поплавата во бугарската општина Струмјани

Во општината Струмјани во Бугарија продолжува работата на санирање на последиците од поплавата што го погоди ова населено место, соопшти локалната самоуправа, пренесува Пиринско.

На терен секојдневно се ангажирани вработени од Националниот парк „Пирин“, припадници на армијата, противпожарни екипи, како и претставници и доброволци од целата Благоевградска област.

Од Општина Струмјани им се заблагодарија на сите граѓани, институции и организации кои помагаат со работа, механизација, вода, храна и донации.

„Не сме сами! Го цениме тоа и благодариме!“, порачаа од општината, нагласувајќи дека во овие тешки денови жителите чувствуваат голема солидарност и поддршка.

Локалната самоуправа упати и повик за позитивни мисли и молитви за погодените жители и за сите кои продолжуваат да работат на терен.

Слични Објави