Приведени двајца битолчани, палеле оган во близина на борова шума
На 24.08.2021 на регионалниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Бимбил камен“, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода В.Ј.(51) од с.Дихово и К.И.(33) од Битола. На местото, во близина на борова шума, тие запалиле оган со што постапиле спротивно на член 288 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
