|

Приведени криумчари на мигранти кај Неготино

Утринава околу 03.30 часот на автопатот А1 кај клучка Неготино, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности ги лишиле од слобода З.Б.(23) и Б.Б.(36), двајцата од с.Драчевица, скопско, кои управувале патнички моторни возила „мерцедес “ и „голф“, двете со скопски регистарски ознаки, кои превезувале 14 лица илегални мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За настанот, како што посочуваат од МВР, е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Слични Објави