Ковачевски утре во работна посета на Софија

/

Владина делегација од ресорите економија и енергетика, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе отпатува во Софија на разговори за справување со енергетската криза.

Но, иако е најавено дека ќе се дискутира за прашања поврзани со последиците од кризата, очигледно е дека на маса ќе бидат ставени и политичките прашања меѓу Македонија и Бугарија. Техничкиот министер за надворени работи Николај Милков, во интервју за за БНР вели дека тие сериозно се подготвуваат за утрешната посета на македонскиот премиер, бидејќи како што вели, односоите меѓу двете земји се повеќеслојни и не можат да се мерат единствено со прашањата за снабдување со елеткрична енергија од Бугарија во Македонија

„ Ние очекуваме за време на посетата да се разговара за широк спектар на прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања кои ги има меѓу нашите две држави. Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност, Јас не можам да прогнозирам, но нормално е кога ќе дојде премиер од соседна држава, на маса да да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји. “-Николај Милков – Технички министер за надворешни работи на Р. Бугарија



Власта и натаму е со оптимизам дека ќе се обезбеди мнозинство во Собранието за уставните измени. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак тврдат дека нивната пратеничка група нема да го промени мислењето и тоа не значи дека се против евроинтеграциите на Македонија туку се против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми.

Во однос на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот собранискиот спикер, Џафери во интервју за Радио Слободна Европа посочува дека тоа е обврска на државата, а не на владејачкото мнозинство. Џафери не прецизира какви се неговите очекувања дали би се достигнало потребното двотретинско мнозинство со евентуални гласови од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но ги повика сите партии да се грижат за интересот на државата.



Претходна статија

Приведени криумчари на мигранти кај Неготино

Следна статија

Галерија од 100-тата Јубилејна конвенција на МПО во Форт Вејн Индијана

Најново од Вести