ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА НАСТАНИТЕ НА 27 АПРИЛ
Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за настаните во Собранието на 27 април минатата година, јавува РСЕ. Вчера воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и дел од обвинетите. Во случајот кој го води судијката Добрила Кацарска обвинети се 33 лица, од кои 31 за „тероризам“, а две лица се обвинети за помагање на делото. Од обвинетите, 11 луѓе се во притвор, 13 се во куќен притвор, а за осум има мерки за претпазливост и гаранции.
