ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР, ЗАЕВ-МЕРКЕЛ
Попладнево имав телефонски разговор со канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел која ни даде поддршка за напорите за зајакнување на евроатлантските перспективи, како и за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција, којшто го решава долгогодишниот спор, што беше главна пречка за членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.
Ја информирав за следните чекори, подготовките за претстојниот референдум. Владата е силно посветена на организирањето фер, демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните.
Продолжуваме активно со реформските напори што одат во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018 година, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби.

