ТЕ САКАМ ПУТИН!!!
Ја сакам и Македонија, ама повеќе го сакам Владимир Владимирович, оти Македонија додека е црпнатиот на власт и не е многу за сакање.
Здраво јас сум бот, го работам тоа веќе неколку години, немам име, оти знаете како е, ние си ги менуваме газдите, ако моето име се дознае, утре нема да можам да го фалам, тој што сум го плукал денеска.
Јас плукам и мразам, ама само додека си ја држам смената, во останатото време сум нормален човек, со нормални обврски и проблеми. Исто како оние на кои им ги пцујам фамилиите, ги колнам да им умрат децата и слично. Ве молам да не ме осудувате, тоа е работа како и секоја друга. Јас мразам за пари, а Путин си го сакам чисто онака, оти го имам видено на една слика како јава мечка.
Сакам јаки мажишта. Дали тоа значи дека ако бев хомосексуалец, ќе бев пасив? Утре ќе прашам на работа, имаме еден, абе од се сè разбира. Пазете ваму, знае да ги решава оние задачине со синус, косинус, тангис, котангис, ама ете не му се најде таа вештина во животов и тој како мене стана бот. Ќе го прашам него, тој е паметен, чат пат сам си ги смислува коментарите, што не се само со пцуење и колнење. Му фаќа главчето. Идол ми е, ама си го сакам Путин.
Само Путин ќе ја среди Македонија!!! Тој ќе ги сотре сите наши непријатели, начело со Грците, Бугарите и шиптарите… зашто скокате веднаш, нели го чувте што вели Бачев, шиптар не е навреда, шиптар е албански збор. Бачев и тој ко Путин работел за службите. Врти сучи службите се тие кои ќе не спасат. Јас затоа не си го кажувам името, влезен сум во шпионски филм и работам за доброто на Македонија.
Само една работа не ми дава мирен сон, добро де две. Оние од Австралија само лајкови ми кликаат на патриотските постови и коментари, на никој не му текна да рече, тешко ти е во Македонија, Зајко е на власт, пресели со фамилијата, ќе ти најдеме работа и лимен леген да си направиш шлем ко на Александар… на никој, а инаку на фб јаки се: „Bravo bratu, taka se saka Makedonija“, „Samo napret so takvi patrioti Makedonija ke ja bidi“. Јас ќе се снајдам и без нив де, ене го кај и да е ќе ми искочи бугарскиот пасош и ќе му ја дувнам за Германија, ама со наши нема да се дружам, ќе молерисувам, во менувањето бои сум најјак.
Автор: Батко Тане
