Радев: Датумот на Илинденско-Преображенското востание засекогаш ќе ги поврзува Бугарите од Тракија и Македонија

//

Бугарскиот претседател Румен Радев учествуваше во прославата по повод 118-та годишнина од Илинденско-Преображенското востание во областа Петрова Нива. Прославата се одржа под негово покровителство.

„Овој светол датум засекогаш духовно ќе ги поврзе Бугарите од Тракија и Македонија – рече претседателот во својот поздравен говор. Тој додаде дека и „денес, повеќе од 100 години по настаните, меѓу нас се нашите сонародници од Република Северна Македонија“, објави БНТ.

Дел од прославата на Петрова нива беше и делегација на партијата Граѓанско демократска унија, начело со претседателот Петар Колев.

“Во историската 1903 година, на ова место, според сите правила на модерниот парламентаризам, како што ќе напишат очевидците, Тракијците пресудиле: Нема време за двоумење! Одринскиот револуционерен округ се крева на востание заедно со своите браќа од Македонија. Од Охрид до Црно море, Бугарите ја распалуваат стихијата на револуцијата. Револуција во одбрана на обесправените, за бугарското име, за личното достоинство, што стои повисоко од имотот и животот “, додава бугарскиот претседател Радев. Според него, моралниот завет што ни го оставиле нашите предци е дека слободата е можна само кога сте подготвени да се вградите во нејзините темели.



Радев е дециден дека Бугарите треба да го чуваат споменот на загинатите.

„Само нација која се сеќава на своето минато има своја иднина“, заклучи бугарскиот претседател Радев.

Претходна статија

(Видео) Талибанците им се потсмеваат на САД – ги носат нивните униформи и оружјето

Следна статија

Австралија во карантин додека не се вакцинираат 70 отсто од населението, масовните протести продолжуваат

Најново од Вести