Продолжува судирот меѓу обвинителката Русковска и Управата за финансиска полиција
Продолжува судирот меѓу обвинителката Вилма Русковска и Управата за финансиска полиција. Откако вчера Русковска поднесе жалба на одлуката за нејзина суспензија, во изјава за медиумите рече дека не дошле до докази во случајот со Управата за финансиска полиција бидејќи од бараните 300 предмети, им биле доставени само 30-тина од кои повеќето воопшто не ги барале. По ова, реагираше Управата за финансиска полиција тврдејќи дека постапиле по барањето и освен 35 предмети, обезбедиле уште 150 предмети за кои Обвинителството ги известило со допис.
– Не дојдовме до докази зашто ние со претресот ги набројавме точно кои предмети треба да ни бидат доставени. Се работи за околу 250 до 300 предмети од кои ни беа доставени 30-тина, повеќето од кои воопшто не ги баравме. Сè уште нема доставено скоро ниту еден предмет од тие кои ги имаме побарано, изјави вчера Русковска.
Рече дека не знае што ќе биде со предметот поврзан со Управата за финансиска полиција бидејќи во решението за нејзина суспензија било наведено дека предметите треба да ги предаде на колешка, а таа е на годишен одмор.
– А, таа не може да ги работи бидејќи и против нејзе има дисциплинска постапка, рече Русковска.
Од Управата за финансиска полиција, ваквите тврдења на Русковска ги оквалификуваа како невистини. Во соопштението испратено до јавноста, од Управата наведоа дека со наредбата за претрес и барањето за податоци се барале сите анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот, односно денот на одговор по барањето. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: TV21.mk